Monday, May 12, 2014

Наоѓање во природата, добивање и примена на хлорот

Во природата хлорот се наоѓа во вид на хлоридни јони. Слободни Сl-(хлоридни) јони има во морската вода и во солените езера, а постојат и хлоридни минерали, на пример халит, NаСl, силвин, КСl и карналит, КMgCl3.


Стомачните сокови содржат хлороводородна киселина, а хлоридни јони се присутни во клетките и во телесните течности.
Во лабораториски услови се добива со оксидација на хлороводородна киселина. Како оксидациони средства може да се ползуваат МnО2 или КМnО4:
10Сl- (аq) + 2МnО4 (аq) + 16Н3О+(аq) = 5С12(g)+2Мn2+(аq)+24Н2О(1)
16HCl+2KMnO45Cl2+2MnOCl2+8H2O+2KCl
На ваков начин (со оксидацијата на хлороводородната киселина со МnО,) бил и првпат добиен (од шведскиот хемичар Шеле [Scheele], во 1774 година).
MnO2+4HClCl2+MnCl2+2H2O
Главниот индустриски начин за добивање на хлор е електролизата на раствори од натриум хлорид (хлор се издвојува на анодата, водород на катодата, а преостанатиот раствор се ползува за добивање иа натриум хидроксид). Денес ова е практично единствениот начин на кој хлор се добива во големи количества, Лесно е да се види зошто е така: од продуктите на процесот и хлорот и NаОН имаат голема практична важност, а може да се искористи и водородот.
Хлорот и продуктите на  реакција со водата ги уништуваат
штетните бактерии. Ова претставува основа за примената на хлорот за
дезинфекција на водата за пиење.
Хлорот се користи и за белење на ткаенини и на масата што се употребува при производството на хартија Се употребува, покрај тоа, во произодството на различни производи на хемиската индустрија, на пример, на хлороводород, хлорна вар и на некои органски соединенија.

Хлорираните органски соединенија се ползуваат за различни цели - во производството на пластични маси лекови, бои итн.

No comments:

Post a Comment