Веројатно најважното
соединение на хлор е хлороводородот,
односно неговиог воден раствор - хлороводородната
киселина.
Хлороводородот обично се добива
од хлор и водород што се образуваат при електролизата на натриум лидроксид.
Хлороводородната киселина, пак, се добива со воведување на гасовитиот
хлороводород во вода. Во т.н. концентрирана
хлороводородна киселина што индустриски се добива на овој начин, масениот
удел на НС1 е помал од 0,4 (при обична температура и притисок).
Хлороводородната
киселина честопати се вика и солна
киселина. Ваквиот назив сосем отстапува од сите системи за именување на
киселините и заради тоа секако треба да се одбегнува.
Во лабораториски услови
хлороводород се добива обично со затревање на смеса од натриум хлорид и концентрирана сулфурна киселина.
Макар што за означување на
хлороводородната киселина се ползува формулата НС1, водните раствори на
хлороводород содржат, всушност, хидратизирани водородни и хлоридни јони:
НС1(g) + Н2O(1)
= Н30+(аq) + С1-(а)
НС1 е силна
киселина којашто има голема
и разнообразна употреба и во лабораторијата и во индустријата. Помеѓу другото,
се употребува за добивање на различни метални хлориди, како растворувач, за
чистење на металните површини пред лемење, за растворање на наслаги од калциум
карбонат (бигор), како важен лабораториски
реагенс, а има и други примени.
Од кислородните
киселини најважна е
перхлорната киселина којашто е најсилната од сите киселини. Таа е непостојана и
може сама од себе да експлодира (особено на повисока температура или во присуство
на органски супстанци - јаглен, дрво и слично). Меѓутоа, т.н. монохидрат на
перхлорната киселина е стабилен.
Повеќето перхлорати се
растворливи во вода, а кога се чисти најчесто се хигроскопни, т.е. лесно впиваат влага од воздухот. Амониум
перхлоратот, МН4С1О4 се применува како оксидационо
средство во ракетните горива.
Другите кислородни киселини на хлорот не се познати
во слободна состојба, но затоа некои од нивните соли се познати, а имаат и
практична примена. Така, на пример, натриум хипохлоритот, НаС1О и натриум
хлоритот, МаС1О2 се применуваат како средства за белење, а
различните хлорати (особено калиум хлорат, КС1О3) се употребуваат во
лабораториската практика (како оксидациони средства) и за други цели (при
производството на кибрит и слично).
No comments:
Post a Comment