Хлорот е гас со жолтозелена боја и задушлива
миризба. Многу е отровен. Има
значително поголема густина од воздухот. Се транспортира, втечнет, во челични
цилиндри или цистерни.
Тоа е многу активен елемент
кој стапува во реакции со елементи
(освен кислородот, азотот, јаглеродот и благородните гасови). Во многу
вакви реакции трагите вода делуваат каталитички. Така, потполно сув хлор не реагира (барем не со забележлива брзина) со железото, така што може, како што видовме, да се транспортира во челични садови.
(освен кислородот, азотот, јаглеродот и благородните гасови). Во многу
вакви реакции трагите вода делуваат каталитички. Така, потполно сув хлор не реагира (барем не со забележлива брзина) со железото, така што може, како што видовме, да се транспортира во челични садови.
Многу метали горат во хлор, образувајќи
соодветни хлориди.
Реакцијата со водород на обична температура
се одвива бавно во отсуство на светлина, а експлозивно ако реакционата смеса се
осветли или се загрее.
При растворување на хлор во вода се образува
смеса од хлороводородна и хипохлореста киселина:
Cl2(g) + H2O(l) = HCl
(aq) + HClO (aq)
Така, всушност,
водниот раствор од хлор (хлорната вода) содржи не само растворен хлор, туку и
НС1 и НС1О.
Меѓутоа, хипохлорестата
киселина е непостојана и се разлага (особено на светлина) на хлороводородна киселина
и атомарен (насцентен) кислород:
HClO = HCl + O
Токму насцентниот
кислород (монокислородот) е
оној што дејствува избелително и дезинфекционо.
Атомите од кислород
лесно се сврзуваат во молекули, а овие, натаму, образуваат гасовит кислород
дикислород) што го напушта растворот. Ова, пак предизвикува натамошно реагирање
на растворениот хлор со водата. Така, на крај, во растворот останува само
хлороводородна киселина. Хлорната вода, затоа, треба да се пази во темни шишиња
и nа темно.
При дејство на хлор
врз калциум хидроксид се образува т.н. хлорна
вар (двојна сол - хлорид и хипохлорит на калциум);
Са(ОН)2(ѕ)
+ С12(g) = СаCl2(ОС1)(ѕ) + Н2О(1)
No comments:
Post a Comment