Во природата хлорот се
наоѓа во вид на хлоридни јони. Слободни Сl-(хлоридни) јони има во
морската вода и во солените езера, а постојат и хлоридни минерали, на пример халит, NаСl,
силвин, КСl и карналит, КMgCl3.
Стомачните сокови
содржат хлороводородна киселина, а хлоридни јони се присутни во клетките и во
телесните течности.
Во лабораториски
услови се добива со оксидација на хлороводородна киселина. Како оксидациони средства
може да се ползуваат МnО2
или КМnО4:
10Сl- (аq) + 2МnО4 (аq) + 16Н3О+(аq)
= 5С12(g)+2Мn2+(аq)+24Н2О(1)
16HCl+2KMnO4
5Cl2+2MnOCl2+8H2O+2KCl

На ваков начин (со
оксидацијата на хлороводородната киселина со МnО,) бил и првпат добиен
(од шведскиот хемичар Шеле [Scheele], во 1774 година).
MnO2+4HCl
Cl2+MnCl2+2H2O

Главниот индустриски начин за добивање на хлор е електролизата на
раствори од натриум хлорид (хлор се издвојува на анодата, водород на катодата,
а преостанатиот раствор се ползува за добивање иа натриум хидроксид). Денес ова
е практично единствениот начин на кој хлор се добива во големи количества,
Лесно е да се види зошто е така: од продуктите на процесот и хлорот и NаОН имаат голема практична важност, а може да се искористи и
водородот.
Хлорот и продуктите на реакција со водата ги уништуваат
штетните бактерии. Ова претставува основа за примената на хлорот за
дезинфекција на водата за пиење.
штетните бактерии. Ова претставува основа за примената на хлорот за
дезинфекција на водата за пиење.
Хлорот се користи и за белење на ткаенини и
на масата што се употребува при производството на хартија Се употребува, покрај
тоа, во произодството на различни производи на хемиската индустрија, на пример,
на хлороводород, хлорна вар и на некои органски соединенија.
Хлорираните органски соединенија се ползуваат
за различни цели - во производството на пластични маси лекови, бои итн.